Mојата идеја за сувенир за Скопје произлезе од работилницата за современ накит организирана од Public Room и Mинистерството за култура. Дизајнот на накитот е инспириран од уникатниот објект на Македонската опера и балет, кој е необична, праволиниска и динамична структура. Како контрапункт на таа праволиниска форма, но во контекст на објектот на МОБ, на едно од парчињата накит изгравирав контура на балерина во скок, превземена од една моја стара црно-бела фотографија.
